Над 90 проценти од Грците за Велигден ќе останат дома и нема да одат во црква, покажуваат резултатите од истражувањето спроведено од агенцијата за рејтинг „ MARC“ за грчката телевизија „Алфа“.

На прашањето „Што ќе прават за Велигден?“, 91,6 отсто од анкетираните одговориле дека ќе останат дома, шест проценти дека ќе бидам дома со блиски роднини, а само 0,9 отсто рекле дека ќе заминат во викендичките или родните места. Додека пак 90,2 отсто, рекле дека нема да одат во црква.


Доколку резултатите од анкетата се потврдат и во пракса, тогаш ќе значи дека мнозинството од Грците ќе ги послушаат препораките од Владата и нема да ги прекршат мерките за забрана на движењето, а свечената литургија зад затворени врати во црквите ќе ја проследат од дома.

Во однос на владините мерки, 80,4 отсто од анкетираните вели дека рестриктивните мерки биле неопходни, а 75,9 отсто ги оценува позитивно економските мерките за поддршка на бизнисите и вработените.

Професорот епидемиолог Сотирис Циодрас, кој секојдневно, на попладневните прес конференции во Министерството за здравство на Грција, ги информира граѓаните за последните податоци со коронавирусот во земјата е особено популарен меѓу Грците и 94,6 отсто од анкетираните има позитивно (или веројатно позитивно) мислење заедно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.