Масакрот во Цетиње во кој загинаа 11, а се ранети пест луѓе го шокира регионот. Медиумите во сите балкански земји со големо внимание го следат случајот и објавуваат детали за случувањата. Според информациите, напаѓачот наводно ја спречувал брзата помош да им пријде на жртвите пред полицијата да го убие

Според првичните информации, иницијална каписла за пукањето бил семеен конфликт. Според медиумите, по кратка семејна расправија мажот извадил оружје и отворил оган.

Црногорска „Побједа“ го објави и идентитетот на напаѓачот и објави дека се работи за Вук Бориловиќ (34) од Цетиње.

По неговиот напад, полицијата веднаш реагирала и се обидела да го совлада, но тој не се предал и пукал во полицајците. Тие потоа испукале неколку истрели, а Бориловиќ бил убиен.

„Телеграф.рс“ пренесува дека напаѓачот го убил целото семејство, а потоа излегол на улица и почнал да пука во луѓето. Притоа, тој ја спречувал брзата помош да им пријде на жртвите пред полицијата да го убие.

Истиот медиум објави дека убиецот пукал со ловечка карабина.

Пукањето траело еден час. Се почнало во 15 часот и 5 минути, а очевидци велат дека било стравично, како и дека напаѓачот не застанал пред ништо, се додека не бил убиен, некаде околу 16 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.