Десетгодишно момче е приведено на грчкиот остров Лезбос откако било откриено дека подметнало пожари, пренесуваат медиумите во регионот.

Детето признало дека ги палело дрвјата во областа Агија Киријаки.

Како што пренесуваат грчките медиуми, момчето дало бизарен изговор за своето однесување при сослушувањето.

Палев затоа што сакам да ги гледам пожарникарите на работа- изјавило момчето.

Против него е поведена постапка.

Не е познато што се случило со родителите на момчето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.