Денеска во Бугарија пристигнуваат првите вакцини за деца од 5 до 11 години од Фајзер.

Дозите ќе бидат во помали количини отколку кај возрасните. Како што јави дописникот на МИА од Софија, вакцината е одобрена за употреба, а Центрите за контрола на болести препорачуваат децата да се вакцинираат, изјави вирологот на Бугарската академија на науките Радостина Александрова.

Ќе бидат отворени и посебни пунктови за вакцинација на децата. Засега во Бугарија ќе има 6 пункта за вакцинација на деца, а во Софија два.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.