Денеска во поголем дел од Србија е на сила портокалов метео аларм, јавуваат српските медиуми, а домашните метеоролози предупредуваат на лошо време низ земјата.

Денеска е променливо и нестабилно, на места со врнежи од дожд и грмежи. Локално можни се временски непогоди со поголема количина на врнежи, повеќе од 20 мм за краток временски период, краткотрајна појава на град и бурен ветер – се наведува во предупредувањето на РХМЗ.

Според РХМЗ, портокаловиот метео аларм денеска е на сила во Белград, Шумадија, Поморавље, Источна, Западна и Југозападна Србија, како и во Банат и Срем. Во останатите делови од државата на сила е жолт метео аларм.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.