Српската премиерка, Ана Брнабиќ, очекува дека денеска во Србија ќе има повеќе од 5.000 новоинфицирани со коронавирус.Како што рече таа, среда е обично најлошиот ден.

Таа изјави во Националната академија за јавна администрација дека податоците утрово во 8 часот се полоши од вчера во исто време. Брнабиќ додаде дека во овој момент нема причина да се одржува настава преку Интернет во училиштата, наведувајќи дека ќе разговараат за понатамошните чекори со Кризниот штаб, имајќи предвид дека граѓаните се најмногу загрижени дали ќе работат градинките и училиштата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.