„Денес нашата улица е тивка. Нема ни смеа, ни џагор. Не се слуша ни детски глас. Сите сме тажни и неутешни“, велат жителите на Нови Пазар за српските медиуми.

Нивниот сограѓанин Самир Тузинац (35) загина во Турција откако скокна од шестиот кат од хотелот во Турција, каде бил на меден месец. Веста за оваа трагедија ја објави локалниот сајт „Глас Пазара“, а ја пренесоа медиумите во Србија и регионот.

Како што наведува Телеграф.рс, тој пред само неколку дена се оженил. Во Нови Пазар живеел само со својата мајка, познат бил како добро момче, голем верник и скромен човек.

Неговото семејство веднаш се упатило кон Турција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.