Шефот на грчката дипломатија, Никос Дендиас, кој допатува во посета на Тирана, беше пречекан со протест пред албанското Министертвото за Европа и надворешни работи.

Протестот, за кој организаторот немаше дозвола, во неколку наврати премина во судир меѓу демонстрантите и припадниците на полицијата.

Според полицијата, приведени се 18 лица, од кои тројца се организатори на протестот, осомничени за „организирање и учество во толпа без дозвола“ и „непочитување на полициска наредба“. Меѓу приведените е и лидерот на албанскиот огранок на косовското Движење „Самоопределување“ Бојкен Абази.

Поголем број од учесниците се казнети и со по 25 евра за неносење заштитна маска.

Демонстрантите се обидоа да ги блокираат патот и влезот во МНР бидејќи Дендиас првата средба ја имаше токму во зградата на Министерството со неговиот домаќин, Генц Цакај.

Шпетим Идризи, лидер на Партијата правда, интеграција и единство (ПДИУ) фрлил шише со вода врз придружбата на грчкиот министер.

Шишето требаше да падне врз главата на Дендиас за да се освежи – изјави за медумите Идризи, кој премиерот Рама го нарече „грчки тројански коњ“.

Освен ПДИУ, организатор на протестот беше и здружението „Чемарија“, на протераните Албанци од Грција во 1945 година кои бараат враќање на нивните имоти во Грција и укинување на грчкиот воен закон од 40-те години на минатиот век.

Дендиас, освен со Цакај, ќе се сртне и со премиерот Еди Рама, со претседателот Илир Мета, со опозицискиот лидер Љуљзим Баша, со Вангел Дуле, претседател на Партијата за заштита на човековите права, партија на албанските Грци, како и со грчки бизнисмени кои се активни во Албанија.

Посетата ќе ја заокружи со средбата со поглаварот на Албанската афтокефална црква Анастас Јанулатос.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.