Во своето обраќање во парламентот во Атина, шефот на грчката дипломатија, Никос Дендијас, рече дека владата ќе стори сѐ што е во нејзина моќ за да ги намали, како што кажа, негативните последици од Преспанскиот договор, предупредувајќи дека нема да толерира непотполно спроведување на неговите одредби, пренесува грчката агенција, АНА-МПА.

Нашата позиција е позната, ја изразивме и како опозиција. Договорот требаше да се заврши на покорисен начин за нашите национални интереси. Нашата цел е да сториме сé што е можно за да се намалат негативните последици. Ќе се стремиме кон продлабочување на односите со нашиот северен сосед во рамките на взаемно корисна соработка. Но, нема да толерираме феномени на нецелосна усогласеност – порача Дендијас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.