За време на 46. Национално собрание партијата „Демократска Бугарија“ установила дека се согласува со двајцата поранешни министри за економија и финансии во претходната техничка влада, Кирил Петков и Асен Василев.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, зближувањето на позициите било очигледно за главната тема во земјата, како што е борбата против корупцијата и затоа „Демократска Бугарија„ е подготвена да соработува со идната партија на двајцата поранешни министри.

Копретседателот на „Демократска Бугарија“ Атанас Атанасов, за „Нова“ истакна дека неговата партија имала неформални контакти со Петков и Василев додека тие биле министри.

Според Атанасов, многу е важно во следното Национално собрание да се работи на создавање единствено мнозинство за избор на влада во Бугарија, иако не исклучи дека разцепкувањето на парламентарниот простор крие свои ризици од појава на нови играчи во него.

Атанасов потсетува дека главната задача на „Демократска Бугарија“ е да се размонтира наследството на владата на Бојко Борисов. Затоа, според Атанасов, им треба мнозинство кое ќе избере влада во следното Народно собрание на Бугарија за промена, со цел да се изврши оваа демонтажа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.