Поради забрзаното ширење на позаразната делта варијанта на корона вирусот, бројот на новозаразени во Словенија оваа недела е за 45 проценти поголем од претходната и највисок во последните седум недели.

Во последните 24 часа тестирани се 1.673 граѓани на Словенија, од кои 135 се позитивни, што е 8,1 проценти. Тоа е за цел процент повеќе од претходниот ден.

Динамиката на заразување во период од две недели во моментов изнесува 48 случаи на 100.000 жители, а бројот на активни случаи во Словенија е 1.044, се вели во соопштението на Националниот институт за јавно здравје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.