Министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендијас денес ќе го посети Берлин и ќе се сретне со неговиот германски колега Хајко Мас.

Како што соопштуваат од грчкото МНР, во фокусот на разговорите ќе се најдат билатералните прашања од европски и регионален интерес, како и европската перспектива на земјите од западен Балкан, ситуацијата во источниот Медитеран и Егејското Море и мигрантското прашање, но и дополнително зајакнување на билатералните политички, економски и трговски односи, jави дописничката на МИА од Атина.

Шефот на грчката дипломатија за време на посетата на Берлин ќе биде примен и од претседателот на Бундестагот Волфганг Шојбле.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.