Премиерот на Албанија Еди Рама им приреди изненадување на двете деца Аурелин и Алејсон, кои за да се спасат од земјотресот скокнале од балкон од своите домови. Се здобија со повреди, но успеаја да закрепнат, а откако излегоа од болница премиерот на Албанија им приреди изненадување.

Децата отпатуваа со него во Торино и ги запознаа Роналдо и Буфон. Тие добија подарок дресови потпишани од двајцата популарни фудбалери.

Фала многу Роналдо, ова е од големо значење не само за децата туку и за целата држава, изјави Рама, кој ги запозна фудбалерите со последиците од земјотресор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.