„Важно е да се обидеме да формираме кабинет со првиот мандат“ – oва го порача копретседателот на „Демократска Бугарија“ Христо Иванов на консултациите со претседателот Румен Радев за формирање на нова влада во рамките на 47. Народно собрание.

На средбата учествуваа и другите двајца копретседавачи на коалицијата, Атанас Атанасов и Владислав Панев, а мандатот ќе биде предаден на партијата на Кирил Петков „Продолжуваме со промената“

Претседателот посочи дека луѓето очекуваат политичарите да вложат напори за решавање на кризите, од кои едната е политичка. Тој ја поздрави конзистентната политика на ДБ за судските реформи.

Христо Иванов одговори дека консултациите се токму антикризна мерка, бидејќи целта на Уставот е да се избере влада и да се спречат предвремени избори.

„После толку предвремени избори, јасно е дека ова не може да биде лек. За нас кризата има и друг аспект – политичката класа, во која се е премногу лично. Се покажа дека е невозможно да се зборува за суштинските прашања. Се надевам дека на крајот, и покрај сите тешкотии, консултациите ќе се одвиваат смислено и со учество на сите“, додаде Христов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.