Бугарија ја задржува својата единствена позиција кон  Македонија. Ова го забележаа учесниците во подготовката на коалицискиот договор за формирање на новата владејачка коалиција кај нас, јави  БГНЕС.

Ова значи дека и новата влада која ќе се формира ќе ја задржи позицијата кон Македонија.Првиот тест ќе го има на 14 декември на Самитот на ЕУ.

Дотогаш малку е веројатно дека ќе се формира новата влада па ветото ќе го испорача претседателот Радев.

Но, надеж за преговори има шефот на дипломатијата Бујар Османи. Тој чека добри вести од Брисел.

Советот на ЕУ ја чека одлуката на Бугарија, 26 земји-членки ја имаат донесено одлуката во однос на започнувањето преговори. Сите чекаме дали Бугарија ќе го крене ветото, и за тоа продолжува нашата комуникација. Очекуваме наредните денови да има одредени конкретни чекори во смисла на размена на предлози, чекаме средба од експертите од двете министерства за надворешни работи да се состанат и тие ставови да ги зближат уште повеќе со можности да се најдат решенија, а потоа влегува ЕУ со предлозите на претседателството и со тоа да се комплетира целиот пакет, изјави денеска шефот на дипломатијата Бујар Османи за тоа дали има реални шанси за решение до крајот на годината.

Имаме многу суштински проблеми, рече Мицкоски кои треба да се решаваат, а не потпишување на некаков договор со нашиот источен сосед.

– Ако мислат дека оваа некредибилна влада, предводена од Зоран Заев, во која преговара Владо Бучковски и Бујар Османи, ќе биде нивниот капитал за да се задржат таму каде што се, се лажат. Евентуален таков договор, ќе биде ништовен, бидејќи мнозинството од македонскиот народ таквото нешто нема да го прифати, изјави Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.