На денот кога Зоран Заев во Атина имаше средба со неговиот грчки колега Кирјкос Мицотакис Грција не дозволи регистрирање на македонското друштво Крсте Мисирков“ од Воден.

Здружението издржа само еден ден и беше избршано од  регистарот на културни институции во Грција.

Образложението на грчките власти било дека  лицето што побарало регистрација на здружението  е присутно во грчкиот судски систем во повеќе случаи и оти Организацијата не обезбедува привилегии на ниту еден потенцијален корисник што и да значи тоа.

По потпишувањето на Договорот од Преспа ова втора забрана на здружение на Македонци во Грција. Повлечена беше и регистрацијата на  организација „Свети Кирил и Методиј – локално друштво Серес“. Таа во својот весник објави дека се залага за изучување на македонскиот јазик во Грција и зборува за постоењето македонски херои одделни од грчките.

Во објавите на Владата за средбата на Заев со Мицотакис немаше наведено дека македонскиот премиер го покренал ова прашање пред својот грчки колега.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.