Актерката Данијела Штајнфелд во интервју открива дека ја силувал актерот Бранислав Лечиќ. Таа вели дека тоа се случило на 7 мај 2012 година, над Белград.

Таа вечер, тој ме однесе некаде, а молев и плачев, не знаев каде сум, каде не можев да излезам, тоа беше надвор од Белград, некаде на падините на Белград, среде ноќ. Таму ме измачуваше, ме силуваше, рече меѓу другото актерката.

Данијела Штајнфелд на судот како доказ ја доставила оригин алната снимка  од разговор со Бранислав Лечиќ, која ја снимила неколку години по настаните од 2012 година.

Во 2012 година, Лечиќ веќе две години бил во брак со водителката Нина Радуловиќ, со која во април 2011 годна го добил синот Лав.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.