Европската унија ќе испрати ќебиња, душеци и шатори за сместување на мигрантите  во Србија за време на пандемијата.

Овој вирус не знае за граници и да работиме заедно е единствениот начин да го спречиме … Нашиот центар за координација во итни случаи сè уште работи на поддршка 24 часа на ден – рече Јанез Ленарчиќ, комесар за управување со кризи.

Како што објавува Радио Слободна Европа на српски јазик  како дел од целокупната помош на ЕУ за Западен Балкан, Србија ќе добие ќебиња, душеци и шатори за 8000 мигранти колку што во моментов има, како и за тие што допрва се очекува да пристигнат.

Истовремено и амбасадорот на ЕУ во земјата,  Самуел Жбогар најави дека Македонија ќе добие помош преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, што вклучува пет генератори, 25 семејни шатори, 200 душеци и 1.000 кебиња.

Она што амбасадорот избегна да го напомене дали какои  во Србија, и кај нас кебињата ќе бидат наменети за мигрантите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.