Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ соопшти дека немало предлози до српската влада за повлекување на српските војници од меѓународните мировни мисии.

На прашањето дали Србија планира да ги повлече војниците од мировните мисии, како што најави српскиот министер за одбрана Александар Вулин, Дачиќ појасни дека Вулин тоа не го најавил туку кажал дека тоа прашање ќе биде разгледано, но дека во секој случај засега српската влада нема таква намера.

Мировните мисии се многу значаен дел и на нашата безбедносна и надворешна политика и имаме само позитивни реакции низ целиот свет – изјави Дачиќ.

Тој истакна и дека Вулин не ѝ предложил на владата повлекување на војниците од мировните мисии .

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.