Министерот за надворешни работи во Србија, Ивица Дачиќ изјави денеска дека одлуката на Дирекцијата за цивилно воздухопловство за слетување на белградскиот аеродром со авионите на црногорската авиокомпанија „Монтенегро ерлајнс” нема никаква врска со надворешната политика.

Дачиќ за ТВ Прва изјави дека тоа не биле реципрочни мерки против одлуката на Црна Гора, но дека реципрочни мерки ќе бидат доколку Србија им забрани на црногорските граѓани да влезат на српската територија.

Што се однесува до мене, оваа мерка против Црна Гора може да остане преку целата година, така што нашите луѓе малку да се освестат. Оној што ве сака, сигурно ќе ги отвори границите. Среќно патување, само едноставно не ги допирајте Србите, рече Дачиќ.

Црногорскиот премиер Душко Марковиќ во понеделникот објави дека границите на Црна Гора ќе бидат отворени за неколку држави во првите денови од јуни, но не и за Србија. Дачиќ рече дека прашањето треба да се реши рационално, без емоции.

На прашањето дали Црна Гора сега е безбедна за Србите, Дачиќ рече дека безбедносната состојба ќе биде проценета, но дека сè уште немало такви проценки на официјално ниво.

Како што рече, единствено што го изненадува е тоа што Косово не е на црногорскиот список за отворање на границите.

Тој изјави дека Црна Гора „им нанесе“ најголем удар на Србите со тоа што не ја отворија границата и посочи дека верува оти ќе има помалку српски туристи во Црна Гора оваа година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.