Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ денеска изјави дека секој кој по потекло е од Црна Гора има морална обврска да не молчи на „одземањето на српските светилишта“, додавајќи дека „Србите и Црногорците се браќа“, но дека „треба да се преиспита дали браќата така и се однесуваат“.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Дачиќ за ТВ Хепи, објаснувајќи на кого мислел кога рекол дека тие што ја поддржуваат власта на Мило Ѓукановиќ, треба да се преиспитаат дали заслужуваат да имаат српско државјанство, изјави дека „не мислел на обичните граѓани и на оние што со генерации се во Србија“, туку на оние кои „имаат деловни империи, кланови и работат за црногорските агентури“, додавајќи дека понекогаш смета дека „Србите во Србија се загрозена категорија“.

– Не можат агентурите од Србија да работат против Србија; Јас не зборувам за обичните луѓе кои кој знае од кога се дојдени и тоа е она што повеќето граѓани го мислат, кажа Дачиќ, потенцирајќи дека тој има „голем број соработници со потекло од Црна Гора, но тие се луѓе кои имаат чувство за заедништво“.

Дачиќ ги праша тие што го критикуваа за неговата изјава за Црногорците во Србија, зошто не го критикувале Ѓукановиќ, кој „ги има загрозено правата на 30 проценти од населението“ и додаде дека „некои јавни личности потпишуваат сè против Србија“.

Дачиќ истакна дека „сите сами се јавиле, од Чедомир Јовановиќ и Ненад Чанак, преку црногорската партија, која вели дека ја поддржува секоја влада во Црна Гора“, Зоран Лутовац (ДС), Драган Ѓилас (ССП) кој истакна дека „со изјавата сум пребројувал крвни зрнца“.

Тој повтори дека „експертите треба да ги земат предвид проблемите и необичностите „на новиот црногорски закон за вероисповед и да за тоа ги известат меѓународните институции“ и повтори дека „никој не ги обединил Србите во Црна Гора како оваа ситуација“.

Дачиќ во поглед на заострување на односите меѓу Србија и Црна Гора, оцени дека „Србија е посветена на мирот и дијалогот“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.