Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, тврди дека во Хаг е најавено апсење на поранешниот премиер и претседател на Косово, Хашим Тачи, што треба да се случи наскоро. Дачиќ истакна дека е 99 проценти сигурен дека такво нешто ќе биде направено.

Во гостување на телевизијата „Хепи“, Дачиќ порача дека Тачи знае што го чека и дека судот нема да објави дали обвинението против Тачи е прифатено или не.

Дали (Тачи) ќе биде осуден или не, не знам. Но, тој ќе биде уапсен, веројатноста е 99 проценти – изјави Дачиќ.

Српскиот министер посочи дека никој не треба да се радува на тоа, туку треба да се бараат докази.

Треба да учиме од Евреите… да знаеме за секоја жртва, историја, да запомниме, едноставно да бидеме наша национална болка што треба да ја пренесуваме од колено на колено – изјави Дачиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.