Српскиот епидемиолог и член на Кризниот штаб на Србија за борба против корона вирусот, д-р Предраг Кон, испрати порака до антиваксерите, посочувајќи дека минатата година во земјата починале повеќе од 10.000 луѓе поради компликации од Ковид-19.

Д-р Кон уште еднаш ги повика сите да се вакцинираат бидејќи тоа е единствениот одговор на пандемијата.

Некои академски граѓани, како и професори со голема репутација од Медицинскиот факултет, во суштина го посветија целиот свој работен век на антивакцинализам, чекајќи ја можноста, според нивното мислење, „да докажат дека вакцините се непотребни“. Претходно, тие се обидоа да го намалат опфатот со редовни вакцини со цел да „докажат“ дека, на пример, сипаниците не се значајна болест. Во епидемијата што се случи во Србија, 15 лица починаа во 2017/2018 година – пишува д -р Кон на Фејсбук.

Тој посочува дека илјадници луѓе умираат и оваа година.

Денес знаеме дека минатата година над 10.000 луѓе починаа поради Ковид-19, како што, за жал, илјадници и илјадници умираат и оваа година. Нивниот одговор е дека и онака луѓето умираат … Веројатно не им е лесно дека во сите делови на светот, преку милијарди дадени дози и детално следење на ефикасноста на вакцините се потврдува одамна познатиот факт дека нема друг одговор на пандемија освен масовна имунизација  – додава епидемиологот.

Тој уште еднаш ја истакнува важноста на вакцинацијата.

Заборавете на заблудите на овие луѓе. Време е да се заштитиме од оваа пандемија со вакцинација. Да ги следи среќата и вакцинираните и невакцинираните. Секое добро – пишува Кон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.