Вицепремиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, изјави дека апсењето на наводниот водач на криминалниот Кавачки клан, Слободан Кашчелан, е најголем успех на црногорската полиција во последните десет години.

Не би сакал да навлегувам во детали, бидејќи акцијата не е завршена. Ќе се вршат претреси на повеќе локации – изјави Абазовиќ.

Според весникот „Вијести“, Абазовиќ најавил дека Црна Гора ќе се бори против криминалот дури и ако има опструкции за такво нешто.

Раката на правдата дефинитивно се придвижи – порача Абазовиќ.

Озлогласениот водач на Кавачкиот клан, Слободан Кашчелан, е уапсен синоќа во Црна Гора. Во голема полициска акција беа уапсени и Владимир Вучковиќ, Милош Радоњиќ и Крсто Марош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.