На вонредна седница на парламентот на Црна Гора повторно, со мнозинство гласови, повторно е изгласано изменување и дополнување на Законот за слобода на вероисповед. За измените и дополнувањата на Законот за вероисповед гласале 41 пратеник од парламентарното мнозинство, без гласови против и воздржани.

Парламентот усвои и други закони што црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ претходно одби да ги потпише и ги врати на повторно изјаснување.

Пакетот закони првпат беше усвоен на седницата на Собранието на крајот на декември минатата година.

Неколку десетици граѓани со знамиња на Црна Гора и НАТО се собраа пред зградата на Парламентот.

Опозициските пратеници од редовите на Демократската партија на социјалистите на Мило Ѓукановиќ не присуствуваа на собраниската седница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.