Двајца црногорски бизнисмени се степале во авион на „Монтенегро ерлајнс“, кој летал од Белград до Подгорица. Тепачката се случила во бизнис класата на авионот на националната авио-компанија, по што персоналот ги сместил на различни делови во авионот.

Тепачката не била пријавена во полиција.

Од компанијата „Монтенегро ерлајс“ нема известување за инцидентот. Авионот на нивната компанија слетал на подгоричкиот аеродром синоќа околу 20 часот и 10 минути.

Еден од бизнисмените е сопственик на компанијата „Нормал компани“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.