Полицијата во Подгорица ја спровела во карантн А.Ш. (45) која, иако во самоизолација, се обидела да ја напушти Црна Гора. Против неа е поднесена кривична пријава поради непостапување по здравствените прописи за сузбивање на заразни болести.

Црногорката, која имала дозвола за престој во Луксембург се обидела да го искористи летот организиран заради враќање на црногорските државјани и странци со престој во Црна Гора. Таа се обидела да влезе во авион, но полицијата ја открила дека побегнала од самоизолација и ја привела.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.