Црногорските пратеници во Собранието ги усвоија измените и дополненијата на Законот за внатрешна трговија, со кој е предвидено продавниците и супермаркетите да бидат затворени во недела. Законот ќе почне со примена наесен.

Со овие измени се забранува трговија на големо и мало за време на неделите и празниците, со исклучок на продажните објекти или места во кои тоа е неопходно за обезбедување на животните потреби на граѓаните. На оваа листа се наоѓаат аптеките, специјализираните продавници, киосците за продажба на леб, пекарски производи и колачи, цвеќиња, сувенири, новини, средства за заштита на растенија и погребна опрема.

Во недела ќе може да работат и бензиските станици, како и продавниците во нив, пазарите, тезгите, подвижните продавници, како и продавниците во затворените подрачја на автобуските и железнички станици, аеродромите и пристаништата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.