Во последното деноноќие во Албанија е регистрран нов негативен рекорд на заразени со Ковид-19, како и на пoчинати лица од корона вирусот.

Според Министертвото за здравство и социјална заштита, од направените 4.562 тестирања, позтивни на врусот биле 1.239 што е 27 отсто од тестираните.

Меѓу новозаразените е и министрот за одбрана Нико Пелеши, кој објавувајќи ја веста на неговиот профил на Фејсбук, наведува дека има лесна форма на болеста.

Со сета грижа и внимание во текот на сите овие месеци, направениот тест потврди дека сум позитивен на Ковид-19. За среќа, имам благи симптоми и сум во самозолација во мојот дом, од каде што ги обавувам должностите од далечина. Носете маска – напиша министерот.

Пелеши не е прв член на кабинетот на премиерот Еди Рама, кој се заразил со вирусот. До сега позитивни биле четворица министри, кои веќе се оздравени.

Како што информираше Министерството, забележана е и висока смртност, односно битката со вирусот ја изгубиле 16 пациенти, од 58 до 84-годишна возрст, со што бројката на почнати се искачи на 1.488. Во исто време во списокот на оздравени се внесени 805 лица.

Висока е бројката на активни случаи – 33.107, од кои 19.282 се во Тирана,која и понатаму е главно жариште на болеста, каде се 553 од новозаразените. Во четирите ковид болници се третираат 471 пациент, 23 се на интензивна терапија додека 11 се интубирани. Слободни болнички места има, зашто болниците располагаат со 550 легла – наведува Министертвото.

До сега во земјата се направени 394.242 тестови при што позитивен резултат е добен кај 87.528 што е 22,2 отсто од вкупно тестраните, оздравеле 52.933 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.