Намалениот број на туристи се чини ја примора црногорската влада да ја разгледа опцијата за отворање на границите за државите од регионот.

Според заменик-директорот на Институтот за јавно здравје на Црна Гора, Горан Бегиќ, во моментов се разгледуваат понатамошните чекори во однос на ажурирањето на листата на држави кои ќе можат слободно да влезат во земјата.

Не смееме да заборавиме на потенцијалните бројки на луѓе кои би дошле во Црна Гора и за тоа мора да се води сметка. Размислуваме да ги отвориме границите и условите под кои границите можат да се отворат на начин кој ќе го минимизира епидемиолошкиот ризик по граѓаните на Црна Гора, изјави Бегиќ, за црногорските медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.