Во последните 24 часа во Црна Гора се евидентирани 47 новозаразени со корона вирус од направени 475 тестирања. Од нив, 28 лица се контакти со претходно потврдени случаи додека кај 17 заразени се трага по изворот на инфекција, се наведува во соопштение од Институтот за јавно здравје во Подгорица.

Пријавен е и еден смртен случај кај пациент роден 1953 година. Ова е 13 амртен случај од почетокот на епидемијата со новиот вирус. Од почетокот на јуни вкупниот број на регистрирани случаи е 339, со четери смртни исходи, а бројот на активни случаи е 336, се наведува во соопштението од ИЈЗ на Црна Гора.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.