Во последните 24 часа во Црна Гора се регистрирани 78 новозаразени лица од 375 анализирани примероци, соопшти Институтот за јавно здравје.

Вкупниот број на потврдени смртни случаи од почетокот на јуни од вирусот е 16. Вкупниот број на починати случаи од почетокот на пандемијата во земјата изнесува 26.

Бројот на активни случаи во Црна Гора во моментов е 1.522. Повеќето нови пациенти се контакти на претходно регистрирани случаи.

Црногорскиот Институт за јавно здравје вчера ги внесе резултатите од 2.000 тестови во системот, кои претходно беа испратени во Германија за анализа поради малиот капацитет на лабораториите во земјата, Црна Гора од „корона-фри“ стана државата со најмногу активни случаи на коронавирус во регионот, пренесува Хина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.