Кина одобри донација за Црна Гора од 30.000 дози од вакцината на „Синофарм“, која наскоро треба да пристигне во земјата.

Во соопштението на црногорската Влада, се вели дека откако биле контактирани од црногорската влада, кинеските власти ја одобриле донацијата и покрај ограничениот капацитет за производство на вакцини во Кина и на глобално ниво.

Посочувајќи дека повеќе од 40 земји побарале кинеска вакцина, од владата во Подгорица истакнуваат дека кинеските власти ги поддржале своите производители да преговараат со црногорските власти за набавка и одлучиле да ги одобрат бараните количини во форма на донација.

Во соопштението се потсетува дека Кина учествувала во иницијативата КОВАКС на Светската здравствена организација и ќе обезбеди 10 милиони дози вакцини.

Кина, исто така, обезбедува извоз на вакцини во земји во вонредна состојба и кои ја одобрија нивната итна употреба. Оваа ситуација ја потврдува најавата на кинескиот претседател Си Џинпинг дека кинеската вакцина против Ковид-19 ќе стане глобален јавен производ и придонес на Кина во обезбедувањето достапност и пристапност на вакцините за земјите во развој – се вели во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.