Поради непочитување на епидемиолошките мерки во Црна Гора и зголемениот број новоинфицирани од денеска до 2 август властите ќе воведат привремена забрана за работа на ноќни клубови и дискотеки, објави подгоричкиот весник „Вијести“.

Забранети се забавите и музичките фестивали, како и сите масовни собири во затворени простории.

Во фокусот на Дирекцијата за инспекциски работи ќе биде контролата на собирите на отворено и изведување музика во живо во градините на локалите. Доколку продолжи трендот на прекршување, ќе се разгледа нивното укинување или дополнително ограничување, пишува весникот.

Црна Гора бележи пораст на бројот на новоинфицирани, 65 во четвртокот. Вкупниот број заразени моментално изнесува 421.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.