Просечната плата без даноци и придонеси во Црна Гора во октомври, според податоците на Управата за статистика (Монстат), изнесувала 720 евра и е за 0,3 отсто повисока од септември.

Просечната нето плата во октомври е зголемена за 34,8 отсто во однос на истиот месец лани.

Просечната бруто плата во октомври била 891 евро.
„Ако се земе предвид дека потрошувачките цени во октомври во однос на септември пораснале за 1,4 отсто, произлегува дека реалната заработка за истиот период бележи пад од 1,1 отсто“, се наведува во соопштението

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.