Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ ја следи ситуацијата со пандемијата од коронавирусот и согласно тоа ќе презема одредени мерки, кога станува збор за одржување на локалните избори во Тиват на 5 април, но не исклучува можност и за воведување вонредна состојба, соопшти претседателскиот кабинет.

Шефот на државата најави можност во Црна Гора поради Ковид-19 да биде воведена вонредна состојба, која секако ќе ги одложи локалните избори.

Во Црна Гора вонредна состојба прогласува Парламентот на предлог на Советот за одбрана и безбедност. Ако Собранието не е во можност да се состане, одлуката за прогласување вонредна состојба ја носи Советот за одбрана и безбедност, а потоа ја поднесува на потврда во Парламентот, штом ќе биде во можност да се собере.

Во оваа земја досега официјално не е потврден ниту еден случај на зараза со коронавирус, но властите преземаат превентивни мерки, исто како државите во опкружувањето во кои вирусот е веќе идентификуван.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.