Црна Гора, како една од морските дестинациии за нас, најавува дека туристичката сезона ќе почне на 18 мај, но под посебни услови. Предраг Јелушиќ, директорот на ЈП „Морски имот“, во интервју за српската ТВ Прва говореше кога ќе започне сезоната и како таа изгледа.

Обично сезоната за капење на црногорскиот брег започнува на 1 мај годинава, но годинава тоа ќе биде на 18 мај. Јелушиќ објаснува дали се исполнети сите услови за тоа и што велат епидемиолозите.

Во Црна Гора се отворени занаетчиски продавници, такси-службите започнаа со работа, а отворањето на базените се очекува за помалку од две недели.

Очекуваме отворање на плажите на 18 мај, според новите стандарди, односно подолги растојанија помеѓу лежалките, почести третман на плажите со средства за дезинфекција. Ќе се врши дополнително следење на квалитетот на морската вода на секои 10 дена на над 100 локации во Црна Гора. Верувам дека сите овие нови елементи што ги подготвивме ќе бидат доволно добра рефлексна покана дека гостите со поголема удобност и безбедност можат да останат на нашите плажи – смета директорот на „Морски Имот“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.