На денешните европски избори, грчкиот премиер Алексис Ципрас откако убедливо беше поразен и објави предвремени избори наредниот месец.

Откако лидерот на на Неа-Демокрација, Мицотакис побара Ципрас да се повлече од својата функција како премиер на Грција и да распише предвремени избори, тој го стори токму тоа. Ципрас даде отказ по убедливиот пораз, а според досега преброените гласови, Нова демократија има 32,08 проценти, СИРИЗА 24 проценти, Движење на промена 7,8 проценти, Комунистичка партија на Грција 5,5 проценти, Златна зора 4,9 проценти, Грчко решение (Велопулос) 4,01 процент, Мера25 (Варуфакис) 2,9 проценти, додека останати партии освоиле 17,86 проценти.

Како што може да се забележи од досега пребројаните гласови, седум партии ќе добијат свои претставници во Европскиот Парламент.

Излезноста на евроизборите според досегашните податоци било 56,50 отсто.

-Грција има потреба од нова влада, со свежа доверба од грчкиот народ што ќе ја гарантира стабилноста, но и нејзината перспектива во оваа критична околност. Премиерот мора да ја преземе неговата одговорност, за доброто на земјата треба да си даде оставка, а земјата да оди на национални избори колку е можно побргу. Ова на крај е единственото чисто решение. Грција не може да чека повеќе не може континуирано да отстапува, рече лидерот на опозициската Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, кусо откако беа соопштени првичните резултати од европските и локалните избори, според кои неговата партија има сигурна предност во однос на СИРИЗА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.