Поранешниот премиер на Грција, Алексис Ципрас на Твитер побрза и пред официјалните резултати веќе му честиташе на Зоран Заев за, како што вели, наводното зајакнување на пораката од „храбрите и прогресивни“ сили што се „бореле“ против национализмот.

Благодарение на твоите напори, пораката на храбрите прогресивни сили што се борат против национализмот, за социјална правда и мир во нашиот регион, денеска станува посилна. Порака, не само за Балканот, туку за цела Европа, напиша Ципрас на Твитер, фалејќи го содругарот чија влада го потпиша едностраниот Преспански договор, кој според сите познавачи беше и е вистински политички и историски џек-пот за Грција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.