Грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе свика предвремени избори во јуни. Според „Ројтес“ Ципрас рекол дека не може да ги игнорира изборните резултати.

Најавено е дека Ципрас ќе се обрати пред нацијата.

Сириза, која е на власт од 2015, претрпе тежок пораз денеска на изборите за нови делегати во Европскиот парламент, заостанувајќи зад главната опозициска партија Нова демократиа за околу 9 проценти.

Излезните анкети од изборите велат дека Сириза, исто така, ги загубила гласовите од младите, бидејќи мнозинството Грци на возраст меѓу 17 и 24 години гласале за Нова демократиа или за неонацистичката Златна зора.

Опозицискиот лидер Киријакос Мицотакис го повика 44-годишниот премиер веднаш да поднесе оставка и да распише предвремени избори.

Редовните избори во Грција треба да се одржат во октомври.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.