Лидерот на грчката опозициска партија СИРИЗА, Алексис Ципрас достави предлог за гласање недоверба на Владата, јави дописничката на МИА од Атина.

За време на расправата во Парламентот за закон од Министерството за развој, Ципрас вонредно побара збор, упати остри критики и обвинувања до Владата, особено за справувањето со снежната бура и истакна дека вонредно бара збор за да достави предлог за гласање недоверба на „најлошата Влада во земјата по падот на Хунтата“.

Владата на Нова демократија во Парламентот има 157 пратеници, шест повеќе од минималната граница за парламентарно мнозинство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.