Поранешниот премиер на Грција и еден од потписницитена Преспанскиот договор, Алексис Ципрас, по повод реакциите на неговата земја на коментаторите на македонскиот јавен сервис, кои ја нарекуваат земјата без додадотокот Северна, за грчки „Скај“, вели дека да не бил договорот, сите коментатори на Европското ќе ја нарекувале земјата „Македонија“.

„Ако не постоеше Договорот од Преспа, сите земји во светот и коментаторите на телевизиските мрежи ќе кажеа дека Македонија игра, сега тие велат дека игра Македонија. И ова е напишано насекаде. Ова е победа. Од таму се дискутира за амблемот на ФФМ. Фудбалската федерација во Македонија е прватно тело. Сепак, како стопанската комора, тоа би можело да го смени своето име, ако грчката влада притиснеше на време врз основа на добра волја и договор што ги поставува принципите“.

Тој ја обвини грчката влада дека се справува лошо со ова прашање и со своите обврски од Договорот.

„Не ги ратификуваат трите меморандуми за соработка што се во корист на земјата. Еден од нив се однесува на надзорот на воздушниот простор од страна на грчките воени авиони. Зошто не го прават тоа? Затоа што се плашат од реакциите во владејачката партија, од господинот Самарас и другите заменици на Неа Демократиа“, вели Ципрас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.