Чавек од Сплит е сериозно повреден откако бил застрелан во главата по што бил исфрлен од автомобил.

Како што објавија хрватските медиуми, синоќа во 22.55 часот полицијата добила пријава дека во областа Клис е употребено огнено оружје и е повреден маж.

Утврдено е дека станува збор за 32-годишен маж кој бил пренесен во болница во Сплит за да му биде укажана лекарска помош.

Лекарите констатирале дека човекот има тешки повреди, поради што е задржан за понатамошни истражувања, а полицијата почнала истрага за случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.