Официјална Тирана го поздрави усвојувањето на уставните измени изгласани од Собранието, со кои, како што се оценува, се официјализира името Република Северна Македонија. Министерот за Европа и надворешни работи, Дитмир Бушати, на Твитер напиша дека со финалното изгласување на Договорот од Преспа, на земјата и се отвора патот кон членството во ЕУ и во НАТО.

Според него, придонесот на албанските политички партии во Македонија уште еднаш се покажал како одлучувачки фактор.

Конечното гласање на Преспанскиот договор во Парламентот на Македонија претставува јасна потврда на политичката способност за деблокирање на патот кон НАТО и ЕУ. Придонесот на албанскиот политички фактор повторно се покажа како одлучувачки фактор. Честитки!, напиша Бушати.

Албанските медиуми веднаш ја пренесоа веста за изгласувањето на уставните измени, нагласувајќи дека Република Македонија го менува името во Република Северна Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.