Српскиот политичар, Чедомир Јовановиќ е во болница поради пневмонија, додека спроведениот тест не покажал дека е позитивен на коронавирус.

Неофицијално е познато од извори блиски до Јовановиќ, дека неговата здравствена состојба е тешка и комплицирана и има силни болки.

Лекарите се сомневаат во белодробна емболија или воспаление на ‘рбетниот мозок“, наведува изворот, но забележува дека досега не е утврдена причината за состојбата на Јовановиќ.

Друг проблем е високиот крвен притисок што лекарите се обидуваат да го намалат.

Состојбата на Јовановиќ најверојатно е последица на коронавирусот, што го имаше во месец јули.

Јовановиќ е примен во КБЦ „Драгиша Мишовиќ“ од петокот затоа што се разболел, а има и проблеми со цревата.

Тој бил задржан поради понатамошни прегледи со цел да се утврди дали проблемите се предизвикани од коронавирусот.

Јовановиќ е свесен, комуникативен и е во стабилна состојба и немало потреба да го поврзуваат на кислородна поддршка, објавија српските медиуми.

Да потсетиме, Јовановиќ бил позитивен на коронавирус во јули 2020 година, а потоа имаше тешка пневмонија, поради што беше хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.