Било какви грчки „провокации“ насочени кон турскиот брод „Оруш Реис“ ќе се сретнат со одговор, рече во петокот турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу.

Чавушоглу им порача на Европската унија и Франција да не придонесуваат за ескалацијата на тензиите во источниот Медитеран. Министерот им рече дека сите спорови во регионот треба да се решат преку дипломатски канали.

Претходно, турскиот брод „Орус Реис“ започна со истражување на нафта и гас во, како што смета Грција, нејзините територијални води. Франција и Германија ја предупредија Турција да не го ескалира раздорот со Грција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.