Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу објави во четвртокот дека Анкара и Атина се согласиле да одржат билатерални разговори во врска со источен Медитеран.

Во пресрет на разговорите со неговиот грчки колега Никос Дендиас, Чавушоглу рече дека Турција ќе биде домаќин на првиот круг разговори каде што се очекува двете страни да разговараат за мерките за градење доверба.

Претходно, кандидатот за претседател на Демократската партија Џо Бајден изрази поддршка за напорите за деескалација во Источен Медитеран.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.