Tурција ја осуди одлуката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес да го признае ерменскиот геноцид.

Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу ја осуди одлуката на Претставничкиот дом на САД, со која се изгласа признавање на ерменскиот геноцид, нарекувајќи ја „срамна”.

Претходно беше соопштено дека Претставничкиот дом на САД изгласа признавање на геноцидот на народот на Ерменија од страна на Османлиската империја.

Според прес службата на Претставничкиот дом, за одлуката гласале 405 конгресмени, а 11 биле против.

Според Чавушоглу, САД со оваа одлука се обидуваат да „се одмаздат“ за тоа што Турција се замеша во американските планови во Сирија, спроведувајќи ја својата операција „Извор на мирот“.

„Оние, чии проекти се разочарувачки, се вртат кон веќе остарени резолуции. Оние, кои веруваат дека на тој начин ќе се одмазадат, грешат. Оваа срамна одлука на оние кои историјата ја користат во политиката, не значи ништо за нашата влада и народ“, напиша Шавушоглу на Твитер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.