Најмалку едно лице од чамецот се води како исчезнато, а 22 се спасени, соопшти грчката крајбрежна стража.

14 мажи, седум жени и едно дете се спасени од чамецот, кој тргнал од Турција непосредно пред несреќата, пренесува Бета.

Девојчињата што загинаа беа на возраст од три до 14 години, соопштија властите.

Грчкиот министер за миграција Нотис Митараки ја обвини Турција дека не го следи спроведувањето на договорот со ЕУ од 2016 година, според кој Анкара треба да ги спречи барателите на азил да се движат кон ЕУ.

Грција беше главната точка за влез на мигранти и бегалци во ЕУ за време на кризата во 2015 и 2016 година, но нивниот прилив значително се намали во претходните две години поради построгите мерки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.