Авионот „цесна” на бугарскиот бизнисмен Георги Бошнаков, во кој загина со семејството, паднал како камен, пренесуваат бугарските медиуми изјави од извори блиски на истрагата.

Авионот немал косо навалување, карактеристично за слични несреќи, туку паѓал право надолу кон планинскиот рид, а кога удрил на почвата, се распарчал. Поради оваа причина основна верзија на истрагата останува техничка неисправност во малиот авион, пренесува Фактор цитирајќи бугарски медиуми.

Исто така, пилотската грешка и паниката не се исклучуваат како причини за несреќата поради нестабилните временски услови.

Бошнаков е лиценциран како пилот од 2013 година.

Тој се чул со контролата, сакал да слета принудно во Скопје, па се премислил, а потоа го снемало од радар. Телата н аќерките и сопругата биле јагленисани, а тој бил изгорен до половина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.